Ќе му се суди и на третиот напаѓач на Саздо
Foto

Ќе му се суди и на третиот напаѓач на Саздо

Јетон Љужа, третоосомничен за убиството на Никола Саздовски Саздо. Е екстрадиран денеска од Германија и достапен за органите на прогон во земјава.

Од МВР за ТВ 24 велат дека Секторот за меѓународна полициска соработка презеде соодветни мерки и активности за потрага по Љужа. По неговото лоцирање, биле разменети информации со германската полиција, по што е приведен. 

Љужа веќе се наоѓа во истражниот затвор во Шутка. По него беше распишана меѓународна потерница. 

Саздо беше брутално претепан од страна на три момчиња на автобуска постојка во Автокоманда во јуни 2018. Тој подоцнападна во кома, но по една недела почина. Бесир Беља и Скендер Демири во април минатата година беа осудени на 19 години затвор.

Бидејќи беше во бегство, на Љужа ќе му се суди во одвоена постапка за кривично дело убиство.

0 Коментари

Остави коментари