Клоп не смета дека гласините за Салах ќе влијаат на Ливерпул
Foto

Клоп не смета дека гласините за Салах ќе влијаат на Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите ставови околу гласините за интерес на шпанските гиганти Реал и Барселона за напаѓачот Мохамед Салах.

– Не мислам дека има големо влијание врз тимот. Ова е нормална ситуација за целиот светски фудбал. Во повеќето случаи, работите не се како што се шпекулира. Малку е веројатно дека ова ќе го наруши мирот во Ливерпул, изјави Клоп.

Во сезоната 2020/21, Салах забележа 27 настапи за Ливерпул, има 17 погодоци и четири асистенции.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на 28-годишниот Египќанец на 120 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари