Кондовски: Излезноста потфрли, а ме изненади делот од црната кампања од опозицијата
Foto

Кондовски: Излезноста потфрли, а ме изненади делот од црната кампања од опозицијата

„За мене кампањата е големо искуство, се среќавам со проблемите на граѓаните, сега бараме решение за проблемите. Граѓаните се искрени, сакаат позитивна кампања. Видов дека имаат реални очекувања. Ме изненади делот од црната кампања од опозицијата. Довчерашни пријатели, сега ме напаѓаат. Јас продолжувам со позитивна кампања. Програмата е направена како решение за проблемите. Ги убедувам граѓаните дека 100% може да реализираме од ветеното. Од аспект на излезноста, потфрлено е. За мојата кампања, јас се гордеам. Ќе продолжам да бидам близок со граѓаните, ќе направиме пресврт во вториот круг“ - вели Христо Кондовски, коалиција „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари