Користеле ли службени картички за паркинг високи фуинкционери на СДСМ
Foto

Користеле ли службени картички за паркинг високи фуинкционери на СДСМ

Дозволил ли екс директорот на ЈП Градски паркинг, Борче Јакимовски бесплатен паркинг за функционери од СДСМ и ДУИ? ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на функција, ДС, чиј кадар е Јакимовски, негира и најавува тужби за наводно обезбедување на паркинг места на терет на граѓаните. 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски даде рок од 24 часа, ДС да одговори, во спротивно, ќе бидат објавени регистарски таблички за „привилегирани функционери“, меѓу кои, обвинува дека се и возилата на Мартин Попов, шеф на кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски, екс градоначалникот на Аеродром Златко Марин, вицепремиерот Артан Груби и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Од партијата на Павле Трајанов пак со одговор, не се сите исти, има и чесни директори, министри и функционери. Генералниот секретар на ДС, Зоран Димитровски му одговори на Стоилковски дека не постојат списоци, туку само конструкции и фалсификати од страна на актуелниот директор.

„Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ најмалку можат да напаѓаат, паушално и неосновано, од Белата зграда, градена со капитал стекнат на криминален начин. Тие се партија против чие раководство се водат голем број кривични постапки, а поранешни највисоки државни функционери се осудени на правосилни казни затвор за тешки облици на криминал и корупција. Досега никој не добил гратис карта за паркирање, ниту пак за бесплатно паркирање. Списоци нема, тие се конструкции и фалсификати на актуелниот директор, за што ќе следи кривична тужба.“ - вели Зоран Димитровски генерален секретар на ДС.

В.Д. директорот на претпријатието, Бојан Христовски пак, обвини дека Јакимовски, кој на оваа функција беше изминатите 12 години, оставил долг за комунална такса тежок 33 милиони денари. Димитровски пак, одговори дека се работи за одложено плаќање поради Ковид кризата, која предизвикала намалено паркирање, пари кои Јакимовски ги оставил на залиха за нормално сервисирање на претпријатието, за исплата на плати, комунални трошоци и даноци кон државата.

0 Коментари

Остави коментари