Лицата со попречености бараат поддршка од државата да формираат социјални претпријатија
Foto

Лицата со попречености бараат поддршка од државата да формираат социјални претпријатија

Лицата со интелектуална попреченост од центарот Порака од Струмица постојано изработуваат сувенири и украси.

Самостојно ги продаваат на различни манифестации или пак пред празници по струмичктие улици. Ова им е еден од изворите на финансирање на  Центарот каде оваа категорија на граѓани разменуваат мислења се дружат и работат. Сакаат да формират и социјално претпријатие.

И центарот Мајка Тереза од Гевгелија каде се сместени 70 деца со посебни потреби прават разчни изработки.  Сакаат да бидат социјално претпријатие са да бидат самоодржливи и да не зависат од институции или спонзорства.

Двата центри од Струмица и Гевгелија беа дел од саемот на регионалнито саем за социјални претпријатија кој имаше за цел да се информриаат  давателите на социјални услуги и граѓански организации со предностите од социјалното претприемништво.

Првиот саем на социјалните претпријатија се одржа во рамки на проектот „Поддршка на социјално претприемништво“, поддржан од Европската Унија, кој го спроведува „Ептиса“, во конзорциум со „Барка и Екорис“, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

 

0 Коментари

Остави коментари