Мечот Лацио–Торино не се одигра, гостите не допатуваа во Рим поради Ковид 19
Foto

Мечот Лацио–Торино не се одигра, гостите не допатуваа во Рим поради Ковид 19

Фудбалерите на Лацио вечерва само симболично се појавија на стадионот „Олимпико“ за првенствениот натпревар против Тoрино што не се одигра, откако гостинската екипа најави дека нема да допатува во Рим поради осуммина заразени во своите редови со британската мутација на коронавирусот.

Претходно денеска раководството на Серија А на вонреден состанок одлучи дека Торино мора да го одигра натпреварот во Рим во рамки на 25. коло во италијанското првенство. Една од можните разврски на случајот е натпреварот да биде регистриран со службена победа од 3:0 за Лацио.

Поради позитивни фудбалери на Ковид-19, Торино не го одигра ниту натпреварот против Сасуоло на домашен терен, минатиот петок.

0 Коментари

Остави коментари