Мицкоски: Планот на Заев 20-21 личи на 3-6-9 што го имаа за ЕУ
Foto

Мицкоски: Планот на Заев 20-21 личи на 3-6-9 што го имаа за ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисија на националниот сервис посочи дека планот на Зоран Заев 20-21 наликува на претходниот 3-6-9 од кој граѓаните не видоа ништо. На Македонија не и се потребни теории туку реализација на проекти и реформи.

„Претставивте план 20-21, да имав прилика, денеска имав последен ден настава на факултетот, веднаш после наставата имав можност да ја слушам оваа би рекол скандалозна прес конференција на Зоран Заев, кој што само четири години ако направите ревинд на далинското и го вратите ќе ги слушните истите овие празни фрази пред четири години истото тогаш го зборуваше како опозиционер денеска го зборува четири години потоа како премиер. Ова ме потсеќа многу на оној план 3-6-9, кој што се прошири на 18 и кој што никој во државава не знае до каде е овој план и што се случува“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека планот исто така го потсети и на оној бројчаник кој што велеше Заев дека ќе го намести на Триумфалната капија. Но за жал и ова ветување на Заев остана неисполнето како низа други ветувања што ги даваше на граѓаните во предизборијата.

„И можам со жалење да истакнам дека повторно ова претставува уште една шарена лага“, потенцира Мицкоски.

0 Коментари

Остави коментари