МНР на Бугарија за ТВ 24: Бугарија треба да се гледа како земја која и дава безрезервна поддршка на Македонија кон ЕУ членството.
Foto

МНР на Бугарија за ТВ 24: Бугарија треба да се гледа како земја која и дава безрезервна поддршка на Македонија кон ЕУ членството.

Волја за средби меѓу Скопје и Софија на највисоко политичко ниво има, но датум нема. Откако министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска кажа дека ќе има интензивирање на комуникацијата меѓу македонската и бугарската влада,  потврда има и од официјална Софија. 

Иван Димов, советник во кабинетот на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за тв 24 вели дека тие се спремни да разговараат во секој момент, но каде и кога, засега не е договорено. Димов уверува дека, Бугарија треба да се гледа како земја која и дава безрезервна поддршка на Македонија кон ЕУ членството. 

Иван Димов советник на МНР на Бугарија Екатерина Захариева – Никогаш не сме откажале да седнеме на една маса со нашите пријатели и да разговараме за сите отворени прашања, со нашиот сосед. 

Во пресрет на првата меѓувладина конференција, додека над Македонија виси бугарскиот Меморандум, Османи верува во работата на историчарите и не сака да прејудицира што ќе се случи ако тие не најдат решение за Делчев. Во исто време шефот на македонската дипломатија најави интензивирање на средбите на највисоко политичко ниво меѓу Македонија и Бугарија, но засега се се сведува на разговори. 

Бујар Османи МНР – Се договоривме да се сосотанеме на највисокот политчко ниво, меѓутоа паралелно и Комисиисте да продолжат со работа. Не се случува ништо вонредно во односите, освен што треба да се менаџираат ваквите отстапувања од рамката којашто е потпишана. 

Има ли конкретен датум? - Разговараме за тоа.

Телевизија 24 пред некој ден објави дека Меморандумот на официјална Софија можно е да ги седне на Маса Бојко Борисов и Зоран Заев, но дека за тајмингот се чека на Бугарија која веќе некое време се соочува со антивладини протести. 

За документот со кој Бугарија тврди дека македонската нација е измислена од Тито, а македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, од Брисел нема коментари. Таму се дебатира за предлог преговарчаката рамка која треба да биде усвоена на почетокот на октомври. Засега став има само од германската амбасадорка во земјава Холштајн, која кажа дека билатерланите проблеми треба да се решаваат меѓусебно, а преговорите со ЕУ да започнат до крајот на годината.

0 Коментари

Остави коментари