На Балканот и светот расте пандемијата во број на заболени
Foto

На Балканот и светот расте пандемијата во број на заболени

Коронавирусот со нов удар во земјите на Балканот и Европа, бројката на новозаразени руши рекорди, медицински персонал се помалку. Во Хрватска денеска се забележани најмногу новозаболени од корона вирус во еден ден, дури 2.421, додека починаа осум пациенти.

Хрватскиот вицепремиер и шеф на националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ денеска претстави нови епидемиолошки мерки, што ќе стапат во сила утре на полноќ. Тие вклучуваат ограничувања на собири, забрана за продажба на алкохолни пијалоци од полноќ до шест часот наутро, задолжително физичко растојание.

Во земјата има недостиг и од медицински персонал, клиничкиот болнички центар во Сплит распишалал конкурс за вработување на 300 медицински сестри, а досега се пријавиле само 14. Се бара помош од пензионирани доктори. 

 Подготвивме одлука што ќе стапи на сила утре во 00:00 часот. Одлука за неопходните епидемиолошки мерки за ограничување на собирите. Сакам да нагласам дека правиме одредба со која се пропишува строга мерка за физичко растојание, избегнувајќи близок контакт - најмалку два метра во затворени простории и 1,5 метри на отворено, рече Божиновиќ. 

И Србија руши рекорди со бројот на новозарзени, властите апелираат да се почитуваат мерките. Уште еден тежок ден и за Босна и Херцеговина, 1.132 нови случаи на Ковид 19 во оваа земја. Во Федерацијата има 729 новоинфицирани лица, а во Република Српска 403. Во последните 24 часа 193 луѓе биле позитивни на Ковид 19 во Црна Гора, додека осум пациенти починале. Косово има нови 166 случаи.

Албанскиот преседател пак  Илир Мета изрази загриженост поради тоа што неговата земја е последна во Европа по бројот на направени тестови за Ковид-19, според бројот на жители.

Досега највисока бројка на дневно направени тестови во Албанија е повеќе од 1.400 и тоа во овој месец.

Шпанија пак прогласи вонредна состојба и водеде полициски час од 23 часот до шест наутро.

Италија исто така воведе нови рестриктивни мерки, се затвораат цели сектори поради пандемијата.

За прв пат во Унгрија повеќе од 3000 новозарзени, засега не се размислува за карантин. Бројките покажуваат дека во светот со Ковид 19 се заразиле 43 милиони луѓе.

0 Коментари

Остави коментари