Народното собрание на Бугарија ќе одржи вонредна седница поради тензиите меѓу Русија и НАТО
Foto

Народното собрание на Бугарија ќе одржи вонредна седница поради тензиите меѓу Русија и НАТО

Народното собрание на Бугарија попладнево ќе одржи вонредна седница на која ќе говори премиерот на Бугарија Кирил Петков. На седницата се очекуваат обраќања и на и министрите за одбрана и надворешни работи Стефан Јанев и Теодора Генчовска и шефовите на специјалните служби во врска со руско-украинскиот конфликт, тензиите меѓу НАТО и Руската Федерација и улогата на Бугарија во процесот на одлучување во НАТО за прашањата, како и распоредувањето на вооружените сили на Алијансата на територијата на Република Бугарија. Барањето за вонредна седница во понеделникот го поднесоа 59 пратеници од пратеничката група на ГЕРБ-СДС, јави дописникот на МИА од Софија. Претпладне и бугарската влада ќе одржи состанок за односите Русија-НАТО и тензиите на украинско-руската граница.

0 Коментари

Остави коментари