НБА: Атланта во „источното“ финале, Феникс поведе на Западот
Foto

НБА: Атланта во „источното“ финале, Феникс поведе на Западот

Кошаркарите на Атланта се пласираа во финалето на Источната конференција во НБА лигата, триумфирајќи во решавачкиот седми натпревар против Филаделфија со 103:96, додека Феникс со победа ја почна финалната серија на Западот, совладувајќи го Лос Анџелес клиперс со 120:114.

Атланта во „мајсторката“ ја предводеше Кевин Хуертер со 27 поени и седум скокови. Тре Јанг оствари дабл-дабл со 21 поени и 10 асистенции, а Данило Галинари уфрли 17 кошеви.

Екипата на Атланта во финалето на Источната конференција ќе игра против Милвоки, кој во полуфиналната серија во седум натпревари го елиминираше Бруклин.

Во финалето на Западот, кошаркарите на Феникс поведоа со 1:0 во серијата до четири победи, откако синоќа на домашен терен го совладаа Лос Анцелес клиперс, предводени од Девин Букер со рекорден трипл-дабл ефект вокариерата од 40 поени, 13 скокови и 11 асистенции.

Феникс е домаќин и на вториот натпревар, што е на програмата ноќта меѓу вторник и среда.

0 Коментари

Остави коментари