Невработеноста чука на вратата на истокот од државата
Foto

Невработеноста чука на вратата на истокот од државата

Компаниите и работниците се уште чекаат на државна помош. Петтиот сет мерки за помош на фирмите и граѓаните и понатаму е заглавен во Собранието. Корона - кризата им ги откажа договорите со традиционалните партнери на компаниите, па 3.500 текстилни работници во Штип се на колективен одмор. Нивната бројка во државата е околу 6.000. 

Голем дел од вработените не зеле плата за февруари, а бизнисот смета дека ако помошта задоцни уште малку, отпуштања сигурно ќе има.

Со оценката дека состојбата во текстилството е катастрофална се сложуваат и експертите. Нивните анализи говорат дека отпуштањето на вработените во овие две гранки како бумеранг ќе удри и по други сектори бидејќи едно загубено работно место во реалниот сектор значи најмлаку две отпуштања во услужните дејности. 

Според нив, потребна е нова стратегија и прилагодување на новите услови што ги наметна корона кризата.

Освен за работата, тексилните работнички стравуваат и за здравјето. Вирусот се шири насекаде. Но, надлежните велат дека сега здравствените мерки се почитуваат, особено во превозот на работници што лани беше една од критичните точки.

Инаку, последните бројки во источниот регион поврзани со коронавирусот остануваат алармантни. Расте бројот на потешки случаи, а вирусот за само четири денови однесе 15 животи во штипската Клиничка болница.

0 Коментари

Остави коментари