Нови рестрикции во Србија
Foto

Нови рестрикции во Србија

6.842 нови случаи на ковид 19 и  37 починати лица се регистрирани во последните 24 часа во Србија. Вкупно се тестирани 21.476 лица, 225 лица се приклучени на апарати за дишење, додека  хоспитализирани се вкупно 729 пациенти. 

Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека во земјата ќе се отвараат нови ковид центри се со цел да се одговори на потребите на пациентите.

- Пациентите кои бараат болничко лечење, а и клиничката слика тоа го покажува, денеска ќе бидат сместени во Нишка бања и во привремената болница во Крагуевац.

Според неговите зборови најтешка е состојбата во Белград и Нови Сад се бара решение за тие луѓе да бидат смстени. Тој истакна дека во Србија 1.949 здравствени работници се заразени со Ковид 19 од кои 64 се хоспитализирани. 

- Ако се грижите за лекарите. Променете го однесувањето, прекинете ги контактите, бидејки тоа е единствениот начин да си помогнете себеси, но и на нив.

Досега во Србија од коронавирус се заразиле вкупно 133.029 лица, а регистрирани се 1.274 смртни случаи.

0 Коментари

Остави коментари