Од Силверстоун велат „ќе организираме и две, три трки ако треба“
Foto

Од Силверстоун велат „ќе организираме и две, три трки ако треба“

Додека челниците на Формула 1 и на ФИА се чудат кога и како ќе почне новата сезона, од управата на Силверстоун стигна порака полна самодоверба. Оттаму велат дека се подготвени да организираат не само една трка, онаа планирана за 19 јули, туку и уште неколку ако е потребно да се пополни календарот.
 
„Сакам да ѝ порачам на Формула 1 дека сме подготвени да соработуваме на кој било начин, онака како што сметаат дека е во најдобар интерес на првенството. Мнозинството тимови се сместени близу до нашата патека, така што, оперативно би било прилично едноставно да се одржат поголем број трки. Имаме финансиска инфраструктура, сите учесници би можеле да си спијат во своите кревети секоја ноќ додека се работи овде. Ако можеме да помогнеме, би бил многу задоволен“, изјави за „Скај њуз“ Стјуарт Прингл, извршниот директор на Силверстоун.
 
Го прашаа, дали можеби би организирале трка на која 5891 метар долгата патека би се возела во спротивна насока од она во која се вози главната.
 
„Тоа и не е толку луда идеја. Немаме лиценца за возење во друга насока, но ова се вонредни времиња, па претпоставувам дека треба да се донесат и вонредни мерки. Ништо не е исклучено, но да почекаме како ќе изгледаат следните четири недели“, додаде Прингл.
 
Велика Британија уште е во пораст со случаи на заболени од Ковид-19 и затоа е непредвидливо кога би се воспоставиле услови за еден ваков голем, јавен настан. Минатата недела од Силверстоун изјавија дека имаат рок до 30 април да кажат дали ќе се вози или и нивната трка ќе се одложи како првите осум од календарот.
 

0 Коментари

Остави коментари