Опаѓа интересот за прва, а расте за трета доза на вакцина
Foto

Опаѓа интересот за прва, а расте за трета доза на вакцина

Расте интересот кај граѓаните за трета бустер доза на вакцина против Ковид, се намалува интересот за вакцинација со прва доза. Интересот за трета доза се зголеми откако надлежните ја препорачаа кај тие што примиле Синофарм и Синовак, три месеци по вакцинирањето. Само во текот на вчерашниот ден трета доза добиле 1068 граѓани, а вкупно досега 2365 граѓани.

Трета доза која е исклучиво со Фајзер се одвива без закажан термин. Оние што примиле Спутник, фајзер и Астра Зенека трета бустер доза може да примаат шест месеци по вакцинирањето. Министерот Филипче најави дека Комисијата за заразни болести на следниот состанок ќе расправа за мерката- во затворен простор да се влегува само со две дози на вакцина.

Тој рече дека нема наплив од пациенти со пост ковид компликации, но најави дека допрва следува период за анализа на последиците, како и скрининг за хроничните болести на населението кој ќе трае подолго.

0 Коментари

Остави коментари