Партиски коалиции и прегрупирање за вториот изборен круг
Foto

Партиски коалиции и прегрупирање за вториот изборен круг

Зијадин Села и Христијан Мицкоски остварија средба во Собранието на која е потврдена заемната поддршка на коалицијата и во вториот круг. Од опозицијата велат дека на средбата со претседателот на Алијансата на Албанците е направена анализа на изборниот резултати од 17 октомври и постигнат е договор за понатамошна меѓусебна поддршка. 

- На средбата се разговараше за анализа на изборните резултати од првиот изборен круг, и беше реафирмирана соработката и меѓусебната поддршка во средините каде има потреба за тоа во вториот изборен круг. Посочено е дека се потребни се промени, и нова иднина која ја очекуваат граѓаните. - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

По вчерашната изјава на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека владиното мнозинство би можело да се прошири, Од Алијанса за Албанците пак потврдија дека соработката со ВМРО-ДПМНЕ продолжува, а уверуваат и дека коалицијата со Алтернатива е стабилна. 

Коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативата е стабилна и работиме заедно за да создадеме ново парламентарно мнозинство во многу краток период. Граѓаните докажаа дека се против Владата, и сегашната власт веќе нема легитимитет да ја води земјата ниту на локално ниту на централно ниво.

Од друга страна пак, сите партнери од владината коалиција во текот на вчерашниот ден потврдија дека парламентарното мнозинство останува стабилно. Потврда за продолжување на соработката и во вториот круг денеска пристигна и од помалите партии, помеѓу кои и партијата за движење на Турците, кои ја информираа јавноста  дека  остануваат дел од владиното мнозинство.

Оттаму известија дека и во вториот круг со истата посветеност продолжуваат со изборните активности и поддршка на актуелната власт.

0 Коментари

Остави коментари