Патријархот Порфириј упати томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија

Вака граѓаните ја поздравија одлуката на Саборот на СПЦ, да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА. Со оваа одлука, по пет децении, МПЦ излегува од изолација и се соединува со православниот свет.

Српскиот патријарх Порфириј по заедничката литургија со архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан ја соопшти веста која вчера била донесена едногласно од страна на Саборот.

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан вели, ова е денот на кој се чекало 55 години. Се заблагодари на поддршката на вселенскиот патријарх Вартоломеј, но и на поглаварот на СПЦ, којшто во Скопје ја соопшти одлуката.

Соборниот храм пак, беше полн со верници. Дел од нив, заедничката литургија ја следеа во дворот на храмот, од каде ја поздравија одлуката на СПЦ, која ќе се официјализира во наредните денови, на свеченост на СПЦ и МПЦ-ОА, а по што ќе бидат известени и сите праволсавни цркви.

На богослужбата и претходеше заедничката литургија за помирување во храмот Св. Сава во Белград, каде беше присутен и владиката Јован од т.н Православна охридска архиепископија. На денешната, тој не се појави. По добиената автокефалност, во Македонија останува отворено уште едно прашање – Како ќе се реши расколот помеѓу МПЦ-ОА и ПОА.

Во јавноста веќе се зборува за пензионирање на владиката Јован, поради наводна влошена здравствена состојба, иако од МПЦ велат дека лесно ќе се дојде до решение со ПОА.