Писонеро: Изградбата на оградата меѓу Србија и С.Македонија не е дел од договор со ЕУ
Foto

Писонеро: Изградбата на оградата меѓу Србија и С.Македонија не е дел од договор со ЕУ

Откако во јавноста излезе информацијата дека Србија поставува жичана ограда на границата со Северна Македонија и дека тоа е дел од договор со ЕУ, односно дека оградата е во функција на дополнително осигурување на границите на земјите надвор од ЕУ од бегалците.

Се јави портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро која  негира дека изградбата на жичаната ограда на границата меѓу Србија и нашата земја е дел од некој договор со Белград.

Таа изјави дека Брисел им дава значителна финансиска и техничка помош на партнерите од Западен Балкан за управување со миграциите, но тоа финасирање не вклучува изградба на огради. 

-Тоа финансирање не вклучува изградба на огради, кои, како што беше погрешно објавено, не се дел од ниеден договор со ЕУ, истакна Писонеро.

Од МНР за ТВ 24 велат дека Република Северна Македонија досега нема добиено од Република Србија официјална информација за градбата на жичана ограда на нивна територија, долж еден дел од граничниот појас со нашата земја.

- Досега нема добиено од Република Србија официјална информација за градбата на жичана ограда на нивна територија, долж еден дел од граничниот појас со Северна Македонија. Воедно, немаме добиено официјално известување ниту од претставниците на меѓународната заедница за подигнувањето на жичаната ограда или нивната инволвираност во овој проект, иако неформално се разменуваат информации за практичната состојба со градењето на теренот во непосредна близина на граничниот премин Прешево-Табановце.  

Оградата треба да биде долга 147 километри, а  власите во Белград, таква бариера најавија дека ќе се посотави и на границата со Бугарија. 

Тв 24 побара одговор и од српската амбасада, но засега официјално не се изјасниле за поставувањето на оградата на границата со Северна Македонија.

Поставувањето жичана ограда е на територијата на Република Србија, но не и на територијата на нашата држава, тврдат македонските власти. Од почетокот на годината пријавени се околу 50 случаи на криумчарење во кои биле откриени 1250 мигранти.

 

0 Коментари

Остави коментари