Почина легендарната ТВ и радио спикерка Бранка Станковска
Foto

Почина легендарната ТВ и радио спикерка Бранка Станковска

Легендарната ТВ и радио спикерка Бранка Станковска почина денеска на 90 -годишна возраст, потврди нејзиното семејство.

-Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сеуште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!, објави на ФБ нејзината внука Ирина Костовска.

Станковска целиот работен век од 39 години (1948-1987) го помина во Македонската радиотелевизија. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна, на 14 декември, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. 

Нејзиниот глас сè уште се слуша на радиопрограмите, особено во популарниот џингл „Точно е 12 часот“. Беше активна и по пензионирањето, особено во обуките на млади кадри.

Foto

0 Коментари

Остави коментари