Почнува правната битка на станарите од зградата на „Урбан инвест“, ќе успеат ли да ги задржат становите што уредно ги платија?
Foto

Почнува правната битка на станарите од зградата на „Урбан инвест“, ќе успеат ли да ги задржат становите што уредно ги платија?

Тужби за докажување на сопственоста и кривични пријави. Вака станарите од спорната зграда на Урбан инвест од утре ја почнуваат правната битка за да ги задржат становите, откако фирмата од која ги купија отиде во стечај.

Семејствата стравуваат дека ќе останат без становите затоа што на врата им висат извршители, кои ако „Урбан инвест“ не си го подмири долгот кон доверителите тие ќе бидат приморани да направат проценка на становите, а станарите ако сакаат да си ги вратат становите, ќе треба да платат повторно. 

Адвокатот на дел од станарите, Симон Попевски, вели, сега за да си го докажуваат правото на сосптвеност, ќе поднесуваат тужби.

ТВ 24 претходно побара став од обвинителство во врска со овој случај. Оттаму побараа станарите кои живеат во зградата на фирмата „Урбан Инвест“ доколку имаат сомненија или докази дека е сторено кривично дело при купопродажбата на становите, да пријават во обвинителството или МВР за тие потоа да утврдат дали и како ќе постапуваат. 

Фирмата „Урбан инвест“ веќе е влезена во стечајна постапка неколку пати, овој пат повторно на барање на доверителите истата е отворена, меѓу тие кои што барале стечај на фирмата за да си ги наплатат долговите се и следните доверители:

1. Друштво за производство и трговија ЕЛТРА ДОЕЛ експорт-импорт Скопје сума: 21 187 евра

2. Друштво за производство, трговија и инженеринг ЕЛИНГ ДОО увоз-извоз Скопје сума: 19 653 евра

3. Друштво за услуги, трговија и производство ВЕЛКОМ ТРЕЈД ДОО Кавадарци, сума: 20 267 евра

4. Доверител, Љиљана Андоновска од Кавадарци, сума: 1 133 евра

5. РСМ - Министерство за финансии, сума: 566 073 евра

6. Друштво за производство, трговија и услуги ГМЛ ДОЕЛ увоз-извоз Кавадарци, сума: 6.517 евра

7. Друштво за производство и промет со мелнички и пекарски производи ЖИТО ЈУГ АД  увоз-извоз Кавадарци, сума: 3.484 евра

8. Друштво за градежништво и трговија ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО Кавадарци, сума: 182.134 евра

9. Друштво за производство, трговија и услуги ТЕРРА ФИРМА ДОЕЛ увоз-извоз Скопје, сума: 4. 871 евра

Меѓу доверителите е Министерство за финансии кон кого според официјалните документи Урбан инвест“ должи  566 илјади евра. Во поголемите доверители на „Урбан инвест“, се наоѓа фирмата „Градба промет“ од Кавадарци кои бараат да си го наплатат долгот од над 182 илјади евра но со камататите кои се наталожувале, долгот достигнал сума од околу 300 илјади евра.

0 Коментари

Остави коментари