Подготовки за евентуален есенски бран на ковид-19, се формираат регионални „ковид – центри“ во 16 општини
Foto

Подготовки за евентуален есенски бран на ковид-19, се формираат регионални „ковид – центри“ во 16 општини

Градоначалниците на 16 општини во земјава го поддржаа предлогот за формирање регионални „ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови.

Станува број за дополнителни времени капацитети, односно монтажни болници како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени ковид центри.

Од министерството за здравство велат дека ова е дел од активностите во рамки на подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на коронавирусот, а целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19, без при тоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.

0 Коментари

Остави коментари