Полноќно пукање ги вознемири жителите на скопски Аеродром
Foto

Полноќно пукање ги вознемири жителите на скопски Аеродром

Жителите на скопската населба Аеродром биле вознемирани синоќа околу 1 и 30 по полноќ кога непознат маж пукал со пиштол додека во близина седеле луѓе.

Дел од жителите за ТВ24 велат дека го виделе човекот и не биле сигурни дали пукал во нивен правец.

Од МВР го потврдуваат инцидентот и велат дека било пријавено дека „Во 01 часот и 28 минути во близина на угостителски објект на бул.„Јане Сандански“, едно лице во два наврата во воздух испукал проектили од огнено оружје. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и биле пронајдени три чаури од огнено оружје, кои се подигнати од екипа од СВР Скопје за понатамошна постапка“.

0 Коментари

Остави коментари