Пораз на Еурофарм Пелистер од Кадетен Шафхаузен
Foto

Пораз на Еурофарм Пелистер од Кадетен Шафхаузен

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз го завршија натпреварувањето по групи, но ги продолжуваат натпреварите од Европската ракометна лига.

Битолчани синоќа во швајцарскиот град Шафхаузен беа совладани од домашниот тим Кадетен со 29:26 (16:12) во натпревар без реални шанси за изненадување со што останаа на 4. место на табелата во групата „Д“ со 11 освоени бодови, зад ГОГ Гудме со 12, Кадетен со 14 и Рајн-Некар Левен со 17 бодови.

Во тимот на Кадетен Шаффхаузен најдобар беше Барок со 7 постигнати голови, а исто толку кај битолчани постигна босанскиот интернационалец Периќ.

0 Коментари

Остави коментари