Портокалов метео аларм, температури и над 40 степени
Foto

Портокалов метео аларм, температури и над 40 степени

Пеколни горештини, суво време и препораки за дневен карантин.. За среќа не поврзан со короната, туку со најавата за портокалова фаза на опасност која ја очекува земјава од денеска и во текот на наредните денови. 

На удар од топлото време најчесто се градежните работници и останатите кои работат на отворено. Од ССМ велат дека најчесто работодавачите не ги почитуваат нивните препораки и апели и работниците повторно се изложени на ризик. Според синдикатот, ваквите препораки треба да се преточат во законско решение, по што Државниот инспекторат за труд да ќе може соодветно да казнува. Според нив, нема повреден објект или капитална инвестиција која е повредна од човечкиот живот.

Волонтери на Црвениот крст веќе неколку пати во текот на ова лето се присутни на терен, на неколку локации низ главниот град каде даваат поддршка на граѓаните. Покрај делењето на вода, тие помагаат и во мерење на притисок и транспорт до болниците, доколку е тоа потребно.

Од Црвениот крст велат дека имаат зачестени повици за интервенции.

Препораките на Брзата помош остануваат исти. Да не се излегува во најтоплите часови од денот, да се носи лесна и светла облека, да се пие доволно количина на течност и да се конзумира лесна храна, која е чувана во соодветни услови.

0 Коментари

Остави коментари