Приведени двајцата синови по убиството во Кочани
Foto

Приведени двајцата синови по убиството во Кочани

Физичките докази и анализата на ДНК треба да откријат кој го уби 55 годишниот Ванчо Стоилковски од Кочани. 

Обвинителството во соработка со полицијата се уште ја расчистува семејната драма што заврши фатално за Стоилковски, а неговата сопруга ја однесе на одделението за неврохирургија во Штип. 

Обдукцијата досега покажа дека смртта кај Стоилковски е насилна и настапила по неколку удари со нож во пределот на градите.

Доказите се тие што треба да го утврдат редоследот на настаните, а првичната истрага досега само потврди дека Столковски со остар предмет и ги нанел повредите на сопругата, која со исеченици по телото, повреди на главата и мал излив на мозокот се уште е во штипската болница.

Вчера на разговор во полиција се повикани и нивните двајца синови на возраст од 25 и 30 години. Тие биле присутни на расправијата меѓу нивните родители, а едниот од нив и ја повикал полицијата да ги извести дека по насилство во домот неговата мајка е повредена.

Кога пристигнала полицијата и брзата помош освен повредената жена го нашле и беживотното тело на нивниот татко.

0 Коментари

Остави коментари