Продолжува јубилејното 15-то издание на акто фестивалот за современи уметности во Велес
Foto

Продолжува јубилејното 15-то издание на акто фестивалот за современи уметности во Велес

Со изработка на мурал на бетонски ѕид на влезот во Велес, продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата со интересно име - Факултет за работи што не се учат.

Автор на муралот е младиот уметник Давор Кешкец. Муралот како целина има порака на солидарност и претставува збир на временски периоди, значајни за постоењето на Велес како град, вели авторот.

Овој мурал е дел од серијата мурали, кои во рамките на АКТО фестивалот се изработуваат во уште шест други градови во земјава. Сите пренесуваат пораки против ксенофобијата, национализмот и дискриминацијата, но не сите се пречекани со добредојде, велат организаторите.

Целта на годинешниот јубилејен АКТО фестивал е соработка со јавните институции, во насока на градење на култура, која ќе го одразува јавниот интерес и ќе гради праведно општество.

0 Коментари

Остави коментари