Прв настап на хорот од Бигорскиот манастир на официјален настан во Атина – аплауз и воодушевување од публиката
Foto

Прв настап на хорот од Бигорскиот манастир на официјален настан во Атина – аплауз и воодушевување од публиката

Со долг аплауз и воодушевување од присутните беше поздравен настапот на монашкиот хор при Бигорскиот манастир за време на Меѓународниот фестивал на православна црковна музика што се одржува во Атина, што воедно беше и прво нивно вакво претставување во грчката престолнина.

Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура на Грција, општината Атина и атинската архиепископија и воедно станува збор за прв настап на македонски хор на ваков официјален настан кај јужниот сосед.

Присутни беа генералниот секретар од Министерството за надворешни работи на Грција, како претставник на Владата и претставник на грчкиот архиепископ Јеронимос, како и игуменот Бигориски манастир, Епископ Антаниски г. Партениј.

0 Коментари

Остави коментари