Раиола најави - Погба се враќа во Јувентус?
Foto

Раиола најави - Погба се враќа во Јувентус?

Не е исклучена можноста Пол Погба на крајот од оваа сезона да го напушти Манчестер јунајтед и да се врати во Јувентус, најави денеска менаџерот на францускиот репрезентативец Мино Раиола.

Тој во изјава за италијанските медиуми рече дека за такво сценарио интерес ќе треба да покаже и Јувентус.

– На Пол Погба во јуни му истекува договорот, така што ќе седнеме да разговараме со Манчестер Јунајтед и ќе видиме што ќе се случи. Јувентус? Пол сè уште го сака Торино. Да, постои шанса Погба да се врати во Јувентус, но тоа ќе зависи и од плановите на Јувентус, изјави Раиола за Раи Спорт.

Погба (28) настапуваше за Јувентус од 2012 до 2016 година кога премина во Јунајтед, клубот во кој во 2011 година ја почна својата кариера.

0 Коментари

Остави коментари