Разговор со Зоран Рујак
Foto

Разговор со Зоран Рујак

Што ли крие археолошкиот локалитет Цареви Кули над Струмица? До какви сè сознанија дојдоа археолозите и дали ова место може да стане туристичка атракција? Сето ова го има во монографијата „Цареви Кули - Струмица (од праисторијата до Римското Царство) од археологот и долгогодишен истражувач на овој локалитет, Зоран Рујак. Тој не само што открива детали за седум-милениумскиот живот на ова место туку посочува дека е потребна поголема грижа за археолошките локалитети во Југоистокот, како што се римските терми кај Банско, Исар Марвинци кај Валандово и Вардарски Рид кај Гевгелија. Разговорот со Зоран Рујак, археолог и автор на првата книга од монографијата за овој локалитет, го води колегата Ване Трајков.

0 Коментари

Остави коментари