Реакција на објавени и пренесени вести
Foto

Реакција на објавени и пренесени вести

Деновиве повеќе медиуми и портали објавија вест дека жалбениот совет при Врховниот суд на Република Северна Македонија, ја уважил мојата жалба против Решението за разрешување донесено од Судскиот совет и притоа изнесоа и одредени неточни информации. 

Ја информирам јавноста дека постапката за разрешување на секој субјект е од доверлив карактер и во овој момент не можам да соопштам детали за неа, освен да појаснам дека истата не е поврзана со било какви дејствија за ослободување или бегството на Никола Груевски и доделување на предмети на судии надвор од автоматската распределба согласно АКМИС системот. Во тој дел сите соопштени информации не се точни.

Судија

 

Стојанче Рибарев

0 Коментари

Остави коментари