Рекорден број хоспитализирани пациенти заразени со Ковид-19 во Франција
Foto

Рекорден број хоспитализирани пациенти заразени со Ковид-19 во Франција

Бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците низ Франција достигна рекорден број од ноември минатата година.

Од 28.029 пациенти во болниците, 3.270 се лекуваат на интензивна нега. И бројот на хоспитализирани и бројот на пациенти на интензивна нега е најголем оваа година.

Повеќе од 28.000 пациенти се регистрирани во болниците за последен пат на 30 ноември 2020 година, додека рекорден број хоспитализирани е регистриран на 16 ноември минатата година, кога во болниците низ Франција имало 33.497 пациенти.

Во Франција се потврдени нови 23.337 случаи на заразени со вирусот, што е голем скок во однос на вчерашните 4.347 и повеќе дури и од минатиот понеделник кога беа регистрирани 22.086 заразени лица, соопшти француското Министерство за здравство

Министерството за здравство исто така објави дека бројот на починати е зголемен – вчера се регистрирани уште 726 смртни случаи, во споредба со 455 во понеделникот.

0 Коментари

Остави коментари