Роби Вилијамс е позитивен на Ковид-19
Foto

Роби Вилијамс е позитивен на Ковид-19

Светски познатиот поп-пејач Роби Вилијамс (46) е во карантин откако се заразил со коронавирусот,  објави „Дејли мејл“.

Пејачот на крајот на минатата година отиде на Карибите со неговата сопруга Ајда Филд и нивните четири деца, па сега одлучија и да го продолжат престојот на островот Сент Бартелеми, каде што изнајмуваат вила која чини 120.000 евра неделно.

Вилијамс ќе остане во карантин 14 дена, а неговите претставници за печатот одбија коментар на оваа тема.

0 Коментари

Остави коментари