Шаќири за тв 24: Видеото со тепањето се појавило на социјалните мрежи три дена по инцидентот
Foto

Шаќири за тв 24: Видеото со тепањето се појавило на социјалните мрежи три дена по инцидентот

Елвис Шаќири од Ромалитико и претставник на Аваја рече дека во последно време зачестија пречекорувањата на плицијата во однос на снимката од тепањето во Битола и потенцираше дека полициска тортура има и внатре во полициските станици.

„За време на судска постапка се врши влијание врз оштетените да променат дел од изјавите и сме имале случаји кога оштетените се повлекувале од кривично гонење.“ - рече Шаќири.

Шаќири верува дека одговорните ќе одговараат пред законот. Тој ја поздрави брзината на реакцијата на министерот Спасовски и премиерот Заев кој го осудија инцидентот. Тој бара да има кривична одговрност за другите полицијаци инволвирани во настанот. Оштетените кажале дека видеото излегло три дена по инцидентот.

„Во однос на тоа, треба да има кривична постапка врз сите. Оштетените рекоа дека настанот се случил пред три дена и тоа е загрижувачки факт и тоа покажува дека полицијата три дена го криела настанот. Затоа сметаме дека полицијата треба да си преземе одговорност. Не може тепање среде улица да скриете три дена. Што ако не се појавеше и ќе испаднеше дека никој не бил тепан.“ - рече Шаќири.

0 Коментари

Остави коментари