Скапа живеачка, растат цените платите стојат во место
Foto

Скапа живеачка, растат цените платите стојат во место

Новите повисоки цени на горивата може да донесат нов бран поскапувања и во превозот. Превозници велат како резултат на поскапувањето на цените на горивата ќе следи и поскапување на услугите кон граѓаните, но можни се и отпуштања.

Од групација на авто-такси превозници на Град Скопје засега велат дека не е планирано поскапување на цената на такси услугите.

Граѓаните ценовните шокови ги чувствуваат секој ден. Се пожалија, во продавница скоро и да нема производ кој не е поскапен. 

Поради зголемувањето на цените на храната и енергенсите, Сојузот на синдикати на Македонија бара до крајот на годинава минималната плата да се зголеми на 18.000 денари . Нивните пресметки во синдикалната кошница покажале дека на едно четиричлено семејство во август им требале 34.342, односно за месечно граѓаните да можат да ги покријат основните потреби потребни им се две минимални плати.

0 Коментари

Остави коментари