Сончево и студено со северозападен ветер
Foto

Сончево и студено со северозападен ветер

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во државава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне, а поизразен ќе биде вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната од 5 до 11 степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, а од пладне облачноста ќе се намалува и во текот на денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во петок и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во понеделник.

0 Коментари

Остави коментари