Сончево со мала облачност и слаб ветер
Foto

Сончево со мала облачност и слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје претежно сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

За време на викендот времето ќе биде претежно сончево и топло со пораст на дневната температура. Во понеделник попладне и во вторник повторно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

0 Коментари

Остави коментари