Спасовски за тв 24: Набљудувањето на домот на Јанкулска го вршевме врз основа на закон за кривична постапка и закон за полиција
Foto

Спасовски за тв 24: Набљудувањето на домот на Јанкулска го вршевме врз основа на закон за кривична постапка и закон за полиција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објасни дека набљудувањето на домт на Јанкулоска е вршен врз основа на закон за полиција и кривична постапка.

„Со оглед на тоа што домот се наоѓа веднаш до МВР имавме сили за набљудување, се со цел да не дојдеме во друга ситуација, да се напушти живеалиштето или градот, зошто по друг предмет има таква мерка на обезбедување на лицето.

Спасовски објасни дека имало наредба врз основа на закон за набљудување. По другите случаји за кои се водат има конкретна мерка.

„Со ваков начин на постапување мислам дека тие празнини кои постојат во системот во дделот на извршувањето на санкциите кои се уште не се доуредени, односно простор кој може да биде злоупотребен. Набљудувањето го вршевме врз основа на закон за кривична постапка и закон за полиција. Следењето се прави исклучиво врз основа на закони на одлука на судот.“ - рече Спасовски.

Тој рече дека законот треба да се спроведува за сите и да важи за сите и сите остапки да бидат транспарентни. Набљудувањето се врши по проценка на полиција, рече Спасовски и ддаде дека имале сознанија и врз основа на тоа се направенил проценка и било издадена наредба.

0 Коментари

Остави коментари