Спасовски за тв 24: Наредбата која беше издадена гласеше веднаш да се приведе лицето кое треба да издржува казна затвор и врз основа на тоа е постапено
Foto

Спасовски за тв 24: Наредбата која беше издадена гласеше веднаш да се приведе лицето кое треба да издржува казна затвор и врз основа на тоа е постапено

Министерот за внатрени работи Оливер Спасовски во 24 анализа објасни дека постапката за приведувањето на екс министерката Гордана Јанкулска било по наредба од судија за извршување на санкции врз основа на пресудата од врховен и после добивањето на пресудата, се даде наредба за приведување на лицето и врз основа на тоа е спроведена во затворот Идризово.

„Наредбата која беше издадена гласеше веднаш да се приведе лицето кое треба да издржува казна затвор и врз основа на тоа е постапено.“ - рече Спасовски.

Тој објасни дека упатниот акт за спроведување е даден претходно на кое Јанкулоска имала право на правни лекови и сега беше дадена наредба за спроведување.

„Се активира упатниот акт кој бил издаден претходно на кои сите рокови за правни лекови се изминати, се произнесе и Врховниот суд и вчера се доби само наредбата за спроведување.“ - рече Спасвски.

Оставен и бил просторот од половина час да се подготви и постапи и така било и извршено, објасни Спасовски.

0 Коментари

Остави коментари