Средба на историчарите од Македонија и Бугарија, Цар Самоил и Гоце Делчев на маса
Foto

Средба на историчарите од Македонија и Бугарија, Цар Самоил и Гоце Делчев на маса

После 3 неуспешни состаноци бугарските научници очекуваат разум и професионализам од своите колеги иако знаат дека тие постапуваат според упаствата на владата во Скопје, порача шефот на бугарската страна Ангел Димитров пред денешниот состанок на мешовитата Македонско - Бугарска комисија кој се одржува онлајн.

Главни теми на 15 состанок кој ќе трае два дена се повторно Цар Самуил и Гоце Делчев а бугарскиот член на комисијата Кирил Топалов порачал дека учебниците во државава сеуште ширеле омраз акон Бугарија. Според неофицијални информации од македонска страна не се очекува значаен напредок на овој состанок поради фактот што во земјава се во тек локални избори а Бугарија се наоѓа пред претседателски и нови предвремени парламентарни избори во ноември.

Македонските историчари претходно оценија дека на 14. состанок што се одржа на 10 и 11 јуни ги имале најтешките разговори досега, исто без значителен напредок. А денеска во Брисел за време на состанокот со генералниот секретар на Европската служба за надворешно дејствување Стефано Санино, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска порача дека Бугарија треба да покаже реална желба за преговори доколку сака напредок во спорот со Северна Македонија.

Европската комисија во извештајот за земјава пред два дена порача дека Северна Македонија ги исполнува критериумите да ги почне преговорите за членство и одложувањето има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ“.

Комисијата нотира и дека треба да бидат засилени напорите за решавање на прашањето со Бугарија и да се продолжи имплементацијата на билатералните договори со Бугарија и со Грција, од сите потписници.

0 Коментари

Остави коментари