Струмичката болница обезбеди дополнителен простор за ковид пациенти
Foto

Струмичката болница обезбеди дополнителен простор за ковид пациенти

Хируршките амбуланти во струмичката болница се дислоцираа во новиот болнички крак за да се ослободи дополнителен простор за пациенти кај кои е дијагностициран вирусот ковид-19 а на кои им е потребно болничко лекување.

Дислокацијата е резултат на зголемениот број на пациенти кои се лекуваат на инфективното одделение каде веќе со денови нема простор за прием на нови лица.

Како што кажа директорот на болницата Наќе Гогов ослободени се 4 простории од хируршкит амбулантски отсек каде ќе бидат сместени 15 кревети за ковид пациенти со полесна клиничка слика.

Струмица деновиве постојано бележи новозаразаени и станува ново жариште на коронавирусот бидејки бројката секој ден е двоцифрена. За последните 24 часа се регистрирани нови 11 позитивни и еден смртен случај.

Досега од компликациите на вирусот починаа 13 струмичани претежно во болнички услови а во моментов има 162 активни случаи.

0 Коментари

Остави коментари