Судскиот совет се заинтересирал зошто предметот за Ангел Петковски бил чуван во фиока
Foto

Судскиот совет се заинтересирал зошто предметот за Ангел Петковски бил чуван во фиока

Претставката на Наташа Димитриевска беше земена во работа и беше реферирана на една од претходните седници на судскиот совет, изјави првиот човек на Судскиот совет Киро Здравев во 24 анализа во врска со сообраќајната несреќа на Наташа Димитриевска во која таа го загуби бебето, а почина нејзиниот сопруг.

„Констатиравме дека одлуката е изработена, дека е доставена и дека е поднесена жалба. Наводите во поднесената претставка претставуваа и жалбени наводи, се договоривме да почекаме каков ќе биде исходот по постаплата по албата, односно како ќе одлучи Апелациониот суд.“ - рече Здравев и рече дека се уште нема одговор до Врховниот суд.

Во врска со предметот со убиството на матурантот Ангел Петковски и укинувањето на пресудата на обвинетиот, Здравев рече дека овој предмет бил посочен како незавршен и поминал кај повеќе судии од кои двајца се претходно разрешени.

„Ние бараме попрецизни податоци од врховниот суд за да видиме дали има место за преземање на мерки.“ - рече Здравев.

0 Коментари

Остави коментари