Угостителите од денеска ќе работат до 21 часот - бараат работното време да се продолжи до 23 часот
Foto

Угостителите од денеска ќе работат до 21 часот - бараат работното време да се продолжи до 23 часот

Вратите на кафеаните и рестораните од денеска ќе бидат отворени до 21 часот. Во главниот град раздвижено. Дел од граѓаните вечерва решија да ги посетат скопските локали. Во анкета за ТВ 24 велат дека им недостасува ноќниот и социјалниот живот, кој поради пандемијата со коронавирусот згасна.

„Луѓето се уморени од седење дома и сакаат да излезат малку надвор. Дружењето на сите ни фали само треба да се истрае оваа ситуација која се надевам брзо ќе помине“

„Сега еве до 21ч работат па прв пат решивме да излеземе“

„Па ни недостастасува социјалниот живот, кафулињата се сега затворени заради мерките“

Сепак угостителите се незадоволни. Велат дека продолжувањето на работното време нема да ги подобри состојбите во овој сектор. Од независната угостителска комора бараат Владата да донесе посбен пакет мерки за угостителството во соработка со претставници од дејноста. 

Од Владата најавија дека следната недела ќе се разгледа можноста угостителските објекти да работат до полноќ како што беше пред коронапандемијата но од комората се уште чекаат на повратен одговор во однос на другите мерки што ги предлагаат.

Угостителскиот сектор беше еден од најпогодените за време на коронапандемијата. Голем број на вработени ги изгубија своите работни места а голем број на локали беа принудени да стават клуч на врата.

0 Коментари

Остави коментари