Вакцинација по дома: Во штипско досега вакцинирани 100 тина граѓани во домашна атмосфера
Foto

Вакцинација по дома: Во штипско досега вакцинирани 100 тина граѓани во домашна атмосфера

Во Штип без проблеми тече вакцинирањето во домашни услови. Иако официјално таа почна неделава, медицинските тимови оние што не можат да дојдат дома ги вакцинираат уште од Мај и според неофицијалната статистика дома вскцина примиле стотина граѓани.                                       

„Ако те боли раката да си ставаш ладни облоги, ациди борици, што имаш. Ако те боли главата ќе се напиеш аналгинче, а ако качуваш температура парацетамол", објаснуваат од медицинскиот тим.

Стрпливо на секој од граѓаните, медицинскиот тим од домашна посета им објаснува што да очекуваат по вакцинирањето. Прво следува редовниот преглед. Им се мери притисок им се зама анамнеза за претходни заболувања.

Прва доза вакцина дома примија и Јародинка и Јанко Коцеви. Тие се во осмата деценија од животот. Велат секој треба сам да си ја носи одлуката и одговорноста. Тие ќе се вакцинирале и порано, но решиле предност да им дадат на помладите. 

Тимот за домашна посета денеска посети неколку граѓани во Карбинци и Крупиште и уште неколку во Штип. Од  штипскиот Здравствен дом велат дека иако официјално вакцинирањето во домашни услови почна од вчера, нивните тимови за имунизација постари или потешко подвижни лица по дома вакцинираат уште од Мај годинава. Немаат точна бројка, но досега дома се вакцинирале околу 100-ина граѓани.

0 Коментари

Остави коментари