Верстапен ја освои пол-позицијата во квалификациите за холандското Гран при

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен покажа најбрзото време на квалификациите за Големата награда на Холандија.

Второто место го зазеде возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, додека трет на стартот ќе биде клупскиот колега на Британецот, Валтери Ботас.

Верстапен имаше најбрз круг со време 1:08.885 минута, 38 илјадити делови од секундата од Хамилтон и 337 стотинки од Ботас.

Од 4 до 10. стартно место ги освоија: Гасли, Лекелер, Сајнц, Џовинаци, Окон, Алонсо и Рикардо.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Холандија ќе се вози утре со почеток од 15 часот.