Верстапен сака во иднина да се натпреварува во трки на издржливост

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен кажа што планира да прави по завршувањето на кариерата во Формула 1.

– Дали ќе се тркам на 50 години? Можеби, но повеќе како хоби. Во далечна иднина, сакам да се натпреварувам во други категории, како трки на издржливост, каде што делите автомобил со двајца или тројца други возачи. Секако, секогаш се стремам да победувам, но многу е важно да се забавуваме, изјави пилотот на Ред Бул.

За Јос Верстапен, поранешен возач на Ф-1 кој треба да се трка во Светскиот рели шампионат на 50-годишна возраст, неговиот син Макс вели:

„Годините се само бројка и тој се уште си поминува одлично. Релито му овозможува да ужива во трките, да ја реализира својата енергија и страст. Не е неопходно да се победи, но тој сака да го покаже најдоброто од себе. Ова е супер. Сакам да го гледам како напредува. Но, не се работи само за релито: правиме приватни тестови на патеката, разговараме како да одиме побрзо. Малку се сменија улогите – сега почесто му давам совети“.

Макс Верстапен на 20 март со трката за Големата награда на Бахреин ја почнува одбраната на шампионската титула освоена мината година.