Виктор Давидовски со најдобар пласман на една трка од ТЦР Европа

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски со „хонда сивик“ го освои четвртото место на втората трка од францускиот Гран при викенд во рамки на ТЦР шампионатот на еропа, со што го оствари својот најдобар пласман во ова натпреварување. 

Вториот возач на македонскиот тим „ПСС рејсинг“, Франко Џиролами од Аргентина беше петти. 

Првото место му припадна на Французинот Џими Кларе со „пежо 308“, а подиумот го дополнија Микел Аскона од Шпанија на „купра леон“ и Мароканецот Сами Тауфик на „хјундаи елантра“.

По четири трки во генералниот пласман води Аскона со 143 бода, Давидовски досега собра 48. 

ТЦР серијата продолжува со двете трки за Големата награда на Холандија во Зандворт на 19. и 20. јуни.