Влада: До крајот на јануари се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи
Foto

Влада: До крајот на јануари се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука до крајот на јануари 2022 година да се замрзнат цените на основните прехранбени производи како од  1 декември 2021 година во трговијата на големо и трговијата на мало.

Ова го објави министерот за економија Крешник Бектеши на Фејсбук, соопштувајќи дека се замрзнуваат цените на: лебот,  шеќерот,  брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење,  трајно млеко со масленост од 2,8 , 3,2 и од 3,5 проценти, свежо месо и сувомесни производи и сирење и урда.

- Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година. Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година, напиша Бектеши на Фејсбук.

0 Коментари

Остави коментари