Владата со план б за коридорите 8 и 10
Foto

Владата со план б за коридорите 8 и 10

Владиниот план Б за изградба на коридорите 8 и 10 – е ист како и првичниот, само ќе треба подолг временски период за негова реализација. По неколку дена најавување на планот – премиерот Зоран Заев денеска го обелодени.

Доколку уставен ја прифати иницијативата на антикорупцинерите за оспорување на донесениот закон за изградбата на автопатиштата, Владата ќе го активира планот Б.  

„Планот Б е Yellow …. Тоа значи постапка која истотака значи проектирање, изведба и клуч на рака, но е во други процедури, кој што, за жал ќе не чинат едно две години повеќе. Но секако институциите се тука бурно да следат, нека реагираат, како ќе одлучат ние ќе се поклониме и ќе почитуваме.“ - изјави Заев.

Законот со кој американско - турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ по принципот клуч на рака го доби бизнисот за да ги гради коридорите 8 и 10 - тргна од Владата, експресно помина во Собранието, веднаш беше потпишан од претседателот Пендаровски, а заврши пред Уставен. 

 Според антикорупционерите целиот процес на изборот на овој конзорицум е сомнителен, а законот остава простор за корупција и суспендирање на правниот систем на државата. Дополнително антикорупционерите бараа законот да се стави во мирување се до конечното изјаснување на уставните судии. 

Но, од Уставен објаснуваат дека судот прво треба да одлучи дали се исполнети условите за поведување на постапката, а потоа велат може да се определи и стопирање на примената на законот до носењето на конечната одлука на судиите. Кога ова прашање ќе биде ставено на маса пред уставните судии, се уште не е познато.  Законоското решение стапи на сила в саботата. 

 - Според нашиот деловник и уставот не се изрекува времена мерка со која се стопира извршување на законот, додека уставниот суд не се произнесе со конректна одлука дали се исполнети условите за поднесување на постапката. Во оваа фаза се уште е рано да се произнесеме за запирање на извршувањето на законот, се до донесувањето на одлуката. - изјави Осман Кадриу - уставен судија.

Според познавачите, во вакви случаи каде постои висок ризик од корупција – се очекува внимателност од Уставниот суд.   

Пратениците овој Закон го донесоа во скратена постапка. Законот е  конкретна реализација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово - Гостивар, Струга - Ќафасан, како и Прилеп - Битола.

0 Коментари

Остави коментари