Во Барселона први претсезонски тестови на Формула 1

Во Барселона започнаа првите претсезонски тестови на Формула 1. Болидите од новата генерација за прв пат ќе се појават на патеката.

Првите претсезонски тестови ќе се одржат од денес до петок (25 февруари) на патеката Барселона-Каталуња во Шпанија.

Вторите тестови се закажани за периодот 10-12 март во Бахреин.

Токму во Бахреин на 20 март ќе биде организирана првата трка од новата сезона.