Во Бразил за еден ден 1.641 жртва од Ковид-19
Foto

Во Бразил за еден ден 1.641 жртва од Ковид-19

Во Бразил во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале 1.641 лице, што е рекорден број смртни случаи регистрирани во земјата за еден ден, покажуваат податоците на локалното Министерство за здравство.

Претходно, најголемиот број смртни случаи беа забележани на крајот на јули минатата година – 1.595.

Бразил се соочува со нов бран на епидемијата, а здравствениот систем е пред колапс.

Според официјални податоци во Бразил од Ковид-19 досега починаа повеќе од 257.000 луѓе, а земјата е на второто место во светот, по САД, по вкупниот број смртни случаи од коронавирусот.

Околу 10,6 милиони случаи на коронавирус се потврдени од почетокот на пандемијата, а 59.925 лица биле заразени во последните 24 часа.

0 Коментари

Остави коментари